Компанијата е формирана во 1994 г. Како трговско претпријатие експорт-импорт на големо и мало основано во потполност од приватен капитал.
Низ својата долгогодишна дејност тежиштето се акцентираше на трговија на големо во интернационални рамки.
Благодарение на упорноста,принципиелноста и иновативноста во вработувањето на малоброен но стручен и креативен персонал воспостави успешни партнерски односи со реномирана германска групација DOHLER од Дармштад. Ова кооперација продуцираше ексклузивитет во продажба на материја за производство на пијалоци на Македонскиот пазар.
Вториот сегмент е соработка со Словенската компанија GOLDPACK во продажба на опрема за пакување на овие простори.
Со развојот на добри и комплексни односи во трговијата на големо во Македонија и пошироко во областа на внатрешно уредување на градежни објекти воспоставена е соработка со интернационалната Холандска компанија Wallart и добиен ексклузивитет за продажба на декоративни панели за Балканот.
Персонално,технички и во однос на просторните капацитети компанијата е оспособена за успешно решавање на различните барања во овие домени.
Мото: „Ако чекате подобри времиња за работа,никогаш нема да постигнете нешто!

Сировиот материјал кој се користи за Wall Art 3Д ѕидни панели е влакнест остаток настанат после извлекување на шекерниот сируп од трската, нејзино смачкување и термичка обработка без додавање на вештачки адитиви. Поради тоа апсолутно се потврдува дека панелите се природен производ со 100 % рециклирачка вредност.
Отпадоците во преработката на шеќерната трска како остаток на шеќерна трска е еден од најпознатите светски обновливи извори, бидејќи шеќерната трска може да се собира до три пати годишно. Вкупната жетва во светски рамки е повеќе од 1,2 милијарди метрични тони годишно. Три тона шеќерна трска дава со преработка еден тон отпадоци од кои се прават панелите.
Сировиот материјал на Wall Art 3Д ѕидните панели како отпадок е во своето постоење константен и 100 % биоразградлив до крајот од својот животен циклус.